Субвенции за туристи за нови осум земји

Bez autora
Feb 18 2013

Субвенцијата за привлекување странски туристи од оваа година освен за земјите од Бенелукс, ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија. За 2014 година ќе се прошири и на Кина и на Индија, а во 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, СЕ Германија, САД и Англија. Проширувањето на опфатот на земјите за субвенциите за странски туристи е дел од двете нови мерки на Владата за поддршка на развојот на туризмот. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, зголемен е и рокот за поднесување барања за субвенциите и тоа на 60 дена од заминувањето на групата за сите видови барања за периодот од 1 јануари до 30 септември, а во периодот од 1 октомври до 31 декември тој рок да изнесува 30 дена.

Субвенции за туристи за нови осум земјиСубвенцијата за привлекување странски туристи од оваа година освен за земјите од Бенелукс, ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија.

За 2014 година ќе се прошири и на Кина и на Индија, а во 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, СЕ Германија, САД и Англија. Проширувањето на опфатот на земјите за субвенциите за странски туристи е дел од двете нови мерки на Владата за поддршка на развојот на туризмот.

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, зголемен е и рокот за поднесување барања за субвенциите и тоа на 60 дена од заминувањето на групата за сите видови барања за периодот од 1 јануари до 30 септември, а во периодот од 1 октомври до 31 декември тој рок да изнесува 30 дена.

Владата во 2013 година ќе финансира и 50 проценти од инвестициите во руралниот туризам. Финансиската поддршка, појасни Ѓорѓиев, се однесува на воспоставување или модернизација на сместувачки капацитети, угостителски услуги, сместување на отворено, рурални музеи, рекреативни активности и опрема...

За оваа цел Владата планира околу 3,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik